web stranaСо почеток во април 2015 година, НГСВ официјално ја промовираше својата софистицирана и модерна Веб страна која претставува спој на модерното и корисното.

Целта на групацијата преку ваквиот вид на промоција е полесно доближување и запознавање на обичниот граѓанин со ваквиот тип на работа, како и олеснета комуникација на НГСВ со своите веќе постоечки клиенти.

Новото софтверско решение овозможува брз и едноставен начин на следење на предметите – од поднесување на барање, преку доделување на стручно вешто лице па се до нивното финално изготвување, се со цел клиентот да биде во секој момент вклучен  во  процесот на изготвување на својот предмет.

Довербата и успехот на досегашните клиенти, зборува за сериозноста и стручноста на нашиот тим.

ngsv so nova lokacijaСо задоволство ве информираме дека тимот на НГСВ континуирано се зголемува, а со тоа се јави и потреба да се позиционираме на нова локација во центарот на градот со поголеми простории. Со самото тоа, НГСВ уште еднаш ја потврдува својата доверба кај клиентите. и продолжува со својот стабилен и континуиран развој.

Заклучно 01.05.2015 година, услугите на НГСВ ќе можете да ги корситите на новата локација на ул. Дебарца бр. 4-1/1 Скопје-Центар (веднаш зад Здружение на Возачи) секој работен ден од Понеделник до Петок од 08:30 до 16:30 часот

ДОЗВОЛЕТЕ ДА БИДЕМЕ ДЕЛ ОД ВАШИОТ УСПЕХ

ngsv novitetiСо почеток на месец Април 2015 година, Националната групација за Судски Вештачења започнува со промовирање на низата новитети.

Еден од новитетите е пуштање во употреба на новото софтверско решение,се со цел да се подобри и олесни начинот на работа и изработка на вештчењата како и подобрување на комуникацијата со веќе постојните и новите клиенти, каде посебен фокус е ставен на грижата на корисници.

Со новото софтверско решение, клинетие во секое време ќе бидат во тек со процесот односно текот на нивниот предмет. Клиентите ќе бидат известени по електронски пат за статусот на нивниот предмет како и кога да го подигнат истиот.

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

  • www.vestak.mk
  • www.procenki.mk

КОРИСНИ ДОКУМЕНТИ

  • Барање за изготвување не вешт наод и мислење
  • Барање за изготвување на процена

КОНТАКТ

Адреса:
ул. Дебарца бр. 4-1/1 1000 Скопје, Македонија
Тел:
(389) 2 322 55 99
Факс:
(389) 2 322 55 99
Веб:
Email:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ЗА НАС

Друштвото за вештачење и проценки, Национална Групација за Судски Вештачења (НГСВ) започна со работа во 2011та година како специјализирана компанија за изготвување на судски вештачења, супервештачења од сите области како и проценки.